Бакс се ослободи од Лилард

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Милвоки Бакс имаа многу бурни неколку денови во кои речиси целосно го променија изгледот на тимот кој ќе продолжи да се врти околу Јанис Антетокумпо.

Милвоки се ослободи од Дамијан Лилард, кој ја повреди Ахиловата тетива на почетокот од плејофот и мораше да се оперира. Неговиот договор беше „тежок“ 113 милиони долари. НБА ветеранот ја дозна веста додека беше со своето семејство во Портланд, каде што се опоравува од операција.

Лилард сега може да избере каде да ја продолжи кариерата во која досега бил само во два тима. Демијан играше за Портланд од 2012 до 2023 година, кога се пресели во Милвоки во потрага по конкурентен тим. Сепак, Лилард и Јанис беа далеку од тоа да ја освојат титулата заедно.