Ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо, сè уште не одлучил дали ќе го смени тимот.
НБА со недели зборува за потенцијалното заминување на Јанис од Милвоки. Засега, се чини дека Антетокунмпо ќе продолжи со Бакс, а најновите информации, кои дојдоа од Шамс Шаранија за „ESPN“, велат дека тој е незадоволен од тимот и сè уште не донел одлука дали да остане или да побара размена.
Бакс реагираа на овие шпекулации на социјалните мрежи, каде што оставија емотикон во кој пишуваше дека се уморни од вакви гласини.
Милвоки се обидува да го задржи Антетокунмпо во својот тим.
Порано за време на предсезоната, го отпуштија Дамијан Лилард за да направат место за да го доведат Мајлс Тарнер од Индијана.