Балансерот повеќе нема да постои во формата како досега

од Nikola Popovski
51 прегледи

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска, на прес-конференција, соопшти дека балансерот ќе биде укинат. Оваа дигитална алатка, како што рече, во минатото била предмет на злоупотреби.

Според него, балансерот ќе се преточи во Закон за рамномерна застапеност во јавната администрација. Како што кажа министерот Минчев, злоупотребите што се случуваа се главната причина, балансерот повеќе да не постои во формата како досега, туку стручноста да биде пред етничката припадност.

Идејата е да се промени методологијата при вработувањето и определена етничка припадност да не може да се смени за потребата на некој конкурс. За почеток, ќе се користат бројките од последниот попис и калкулацијата ќе се прави врз основа на резидентното население, а не на вкупно попишаното.

Според министерот, прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административците, но се уште се размислува дали овој орган да биде дел од МЈА или од Владата.

Слични содржини