Бали: Вулканот зароби 60.000 туристи на рајскиот остров

од desk2
76 прегледи

Вулканот на индонезискиот туристички остров Бали на планината Агунг и натаму исфрла пепел високо во воздухот и до три или четири километри над кратерот, поради што авионскиот сообраќај е затворен веќе втор ден по ред. Во селото веќе се спуштила студена лава, а властите најавуваат евакуација на 100.000 луѓе.

Десетина илјади преплашени жители побегаа од своите домови во околината на планината Агунг, каде властите одредија максимално ниво на готовност и предупредиле дека во секој момент може да дојде до голема ерупција. Досега раселени се околу 40.000 луѓе, но најверојатно ќе мора да се раселат уште 100.000 во радиус од десет километри околу вулканот.

Центарот за предупредување за вулканска пепел во Дарвин во Австралија покажува дека авио коридорите се полни со вулканска пепел, што е опасно за авионите.

До сега поради густиот чад, откажани се повеќе од 400 летови во претходните два дена, а 60.000 туристи останаа заробени на островот. Се очекува прекинот на авио сообраќајот да трае барем до среда.

Последна ерупција на овој вулкан се случила во 1963 година, кога настрадале повеќе од 1000 луѓе. „Гардијан“ ги пренесе предупредувањата на професорот Дејвид Ротери, кој вели дека ерупцијата како онаа од шеесетите години, денеска би однела далеку поголем број животи, со огле дека поранал бројот на популацијата во подрачјата околу вулканот.

https://www.youtube.com/watch?v=zVV4e6_Kc3g