Повеќе од третина испитаници не би примиле Ром како гостин во нивниот дом. Девет отсто од претпријатијата на Западен Балкан не би вработиле Ром, 33 од 100 лица не би работеле за работодавач Ром. Дури 26 отсто од граѓаните не сакаат нивните деца да ја делат училницата со Роми, велат резултатите од истражување на Балкан барометарот 2020 на Советот за регионална соработка.
– Со ова мораме да се бориме и да го запреме со заеднички регионални напори преку остварување на целите од Декларацијата една по една. Сите ние ги заслужуваме истите можности. Сите ние сме различни, но исто така треба да бидеме еднакви, посочува Орхан Усеин, тим лидер на проектот Интеграција на Ромите 2020, кој се спроведува од Советот за регионална соработка (СРС) со финансиска поддршка од Европската унија и Фондациите Отворено општество.
Тој истакнува дека корона кризата го погодил Ромите многу повеќе од останатите луѓе,но, како што рече ги разгорил и проширил негативните наративи кон Ромите во јавноста и особено на интернет.