„Балкан инсајт“: Во С. Македонија информациите од 1890 година се подостапни отколку тие од 2010

од Nikola Popovski
275 прегледи

Во својата обемна статија, „Балкан инсајт“ го испитува проблемот со барање информации за тоа што се случило во Северна Македонија од раните 1990-ти до пред неколку години – период што ги дефинирал насоките на развојот на земјата и период кој остави неколку прашања за одговарање.

„Никола Груевски е премиер, а поради националистичката реторика, Скопје има лоши односи со соседите.
Така, ако сакате во македонски извор на интернет да ги пронајдете првичните информации за, на пример, откривањето на споменикот на Александар Велики во Скопје во јуни 2011 година или скандалот со бомбите, вклучен во службите и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година, скоро и да не можете. Во време на речиси неограничени можности за чување и архивирање податоци, Македонија си дозволува да ѝ исчезнуваат медиумски содржини собирани 20 години откако фирмите се затвориле, да нема ниедна дигитализирана архива од дневен весник, а во онлајн-медиумската сфера информации да се појавуваат и да исчезнуваат преку ноќ, без каква и да е одговорност“, пишува „Балкан инсајт“.

Друга важна причина е историското сведоштво. Според искуството на Борис Георгиевски, главен уредник на македонскиот сервис на Дојче веле, денес е многу полесно да се најдат информации за Македонија од 1890 година во Њујорк тајмс, отколку за периодот од 2000-2010 година или подоцна во македонските медиуми.

„Водиме и водевме спорови со соседите за случувања од пред 100 и кусур години, а имаме избришани делови од нашата понова историја, од последните 30 години“, додава Георгиевски.

За „Балкан инсајт“, општо е познат податокот дека Македонија првпат доби статус на кандидат за членство во Европската унија во 2005 година.

„Но, од медиумите може да се потсетиме дека и тогаш ситуацијата била драматична и до последен момент не се знаело дали одлуката ќе биде позитивна, а европската иднина на земјата била користена за поткусурувања меѓу Франција и Велика Британија во врска со ЕУ буџетот. Дури на крајот францускиот претседател Жак Ширак дал зелено светло“, стои во статијата.

Содржините од медиумите што престанале да работат, пак, се целосно исчезнати. Само делови може да се најдат зачувани во архивата на агрегаторот Тајм, пишува „Балкан инсајт“.

„Еден од најпознатите примери е А1, првата приватна телевизија, која доста време беше најгледана и највлијателна. Денес, безмалку една деценија по згаснувањето, избледнува меморијата за нејзините известувања, од покривањето на аферата ТАТ, преку почетокот на вооружениот конфликт во Танушевци во 2001 и многу други. Таков  е случајот и со своевремено најголемиот издавач на печатени медиуми – МПМ со весниците Дневник, Вест и Утрински весник. Поранешниот уредник на Вест, Горан Михајловски вели дека уште откога го основале весникот, посветувале доста внимание на архивирањето. Михајловски претходно беше уредник на Вечер, уште додека тој весник беше во сопственост на државното НИП Нова Македонија, и објаснува дека тамошните искуства ги научиле за важноста за зачувувањето на пишаниот збор“, е наведено во статијата.

Георгиевски дури коментирал дека е полесно да се најдат информации за настаните во Македонија во 1890 година (преку архивата на Newујорк Тајмс, што се протегаше уште порано) отколку  отколку за периодот од 2000-2010 година или подоцна во македонските медиуми.

„Водиме и водевме спорови со соседите за случувања од пред 100 и кусур години, а имаме избришани делови од нашата понова историја, од последните 30 години“, додава Георгиевски.

Слични содржини