Романското Министерство за здравство ја регистрираше првата жртва на треска во западен Нил. Почина 79 годишен
маж, кој имал и други болести, а треската на Западен Нил уште повеќе го влошила неговото здравје.
Оваа година во Србија се пријавени 102 случаи на треска во западен Нил, од кои 9 лица починале.
Три лица во Грција го загубија животот поради западнонилската треска. Трите лица се на возраст над 70 години. Министерството соопшти дека 16 други се хоспирализирани, од кои 4 се наоѓаат во животна опасност.
Хрватскиот институт за јавно здравје доби два извештаи за сомневање на треската „Западен Нил“ кај лица кои пристигнуваат во Хрватска од Србија.
Во Македонија и Бугарија засега не е регистриран случај.