Балкански шампионат во бокс по речиси 30 години

од desk2
120 прегледи

Балканското првенство во бокс ќе почне повторно, по речиси 30 години пауза, беше одлучено на седница на Извршниот одбор на Европската боксерска конфедерација.

На седницата во Владикавказ е одлучено боксери од 12 земји да учествуваат во натпреварите, каде ќе го добијат потребното искуство, со цел да постигнат подобри резултати на европско и светско ниво.

Во исто време, беше одлучено следната седница на Извршниот комитет да се одржи во Белград на 20 април, кога е финалето на Белградски победник.