Балотели доби повик од Бугарија

од Nikola Popovski
46 прегледи

Поранешниот италијански репрезентативец – Марио Балотели (34) е слободен играч откако летово му заврши вториот мандат во Адана, Турција. Во меѓувреме контроверзниот напаѓач доби неколку понуди од различни земји, но сите ги одби бидејќи сака да се врати во Серија А.

Меѓу оние клубови кои имаат желба да го ангажираат Балотели е и бугарска ЦСКА од Софија, пишува тамошниот „Топспорт“. Засега таа понуда е ставена на стендбај од искусниот центарфор.

„Веќе кажав дека моја примарна желба е повторно да играм во Италија, во Серија А. Да, имаше понуди од странски клубови, но се уште не сум прифатил ништо поради споменатите причини. Повеќе детали ќе има во следните неколку денови“, изјавил Балотели.

Да потсетиме, бугарскиот клуб во текот на летото се обиде да ангажира уште едно звучно име. Тоа е Рикардо Кварезма (40), кој е без клуб повеќе од две години.

Слични содржини