Балотели го прозва Бобан: „Кој си ти, немам проблем да кажам дека ми одиш на нерви“

од Nikola Popovski
47 прегледи

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели жестоко го критикуваше поранешниот хрватски репрезентативец Звонимир Бобан кој во последно време го привлекува вниманието на јавноста поради неговите негативни коментари!

Неодамна Бобан го нападна спортскиот директор на Милан, Златан Ибрахимовиќ, па по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Милан и Ливерпул го прозва тренерот на „Росонерите“, Пауло Фонсека, што му пречеше на Балотели.

Да потсетиме, и двајцата во текот на кариерата го носеа дресот на Милан. Моментално Балотели моментално е без клуб и ја чека вистинската понуда од Италија.

– Со кое право се осмели да каже такви работи за Фонсека, да му каже на тренерот како треба да си ја врши работата? Кој си ти? Можете да го искажеш своето мислење, но да кажеш „јасно е така или јасно е дека не е така“ – рекол Балотели и додал:

– Бобан е некој што напаѓа со таа ароганција што ми пречи. Немам проблем да кажам дека ми оди на нерви. Ако го изразите своето мислење со почит, тоа е во ред, во спротивно, оди на друга страна.

Слични содржини