Балотели потпиша за тимот на Берлускони и Галијани

од Vladimir Zorba
320 прегледи

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели веќе има нов клуб откако потпиша со Монца како слободен агент. Клубот игра во Серија „Б“ и е во сопственост на Силвио Берлускони. Директор е уште една легендарна фигура на Милан – Адријано Галијани. Договорот на напаѓачот е до крајот на сезоната.

Последен клуб во кариерата на 30-годишниот напаѓач беше Бреша, кој го напушти минатото лето. Марио играше и за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница и Олимпик Марсеј. Напаѓачот има и 36 натпревари за италијанската репрезентација.

Балотели имаше понуда и од Бразил, но избра да остане на Апенините. Во неговиот нов тим, тој ќе биде соиграч со друг поранешен играч на „росонерите“ – Кевин-Принс Боатенг. Двајцата мора да и помогнат на Монца да избори промоција во Серија „А“. Во моментов, сепак, тимот е на деветтото место со само три победи од 10 кола.

Слични содржини