Марио Балотели тренира и разгледува понуди.
Ги имаше многу од страна, но сака да остане во Италија каде што е роден, имаше солидни шанси да потпише за Палермо, но преговорите пропаднаа.
Сега дочека нова, уште подобра шанса.
Дуван Запата се повреди и се чини дека е посериозно, па Торино тргна во потрага по напаѓачи кои се слободни играчи, меѓу кои и Балотели.
Поранешниот италијански репрезентативец би можел да помогне, се пишува дека е во добра форма, што Балотели го потврдува со своите објави на мрежите, дека веќе го нема стомачето што го имаше во Турција и дека е време за големо враќање во Серија „А“, каде играше за Интер, Милан, Бреша и Монца.
Покрај споменатите клубови, Балотели настапуваше и за Лумекане, Манчестер Сити, Ливерпул, Ница, Марсеј, Адана и Сион.