Балотели се враќа во репрезентацијата на Италија

од Vladimir Zorba

Францускиот напаѓач на Ница, Марио Балотели може повторно да заигра за својата Италија.

Според „Газета Дело Спорт“, привремениот тренер на „азурите“, Луиџи Ди Бјаџо, веќе разговарал со стрелецот и му рекол да биде подготвен за претстојните контролни.

Напаѓачот не играше за својата татковина на Светското првенство 2014, но неговата голема форма му дава надеж дека повторно ќе биде репрезентативец.

Оваа сезона има 22 гола во 30 натпревари за тимот од Азурниот брег и дефинитивно игра повеќе од добро.

„Азурите“ ќе играат контролни средби со Аргентина и Англија.

Слични содржини