Балотели во елемент: Бесен поради промената, удри соиграч (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Само три натпревари во турската Супер лига беа доволни Марио Балотели да се прикаже во препознатливо светло, а вистинското лице на италијанскиот напаѓач беше иницирано со одлуката на стратегот на Адана да го извади од игра во 56. минута од натпревар против Коња.

Одлуката на Самет Ајбаба да го извади Балотели од игра при резултат 0:0 влијаеше искусниот голгетер целосно да му попуштат нервите и да го истури целиот гнев. Откако седна на клупата, Супер Марио ги испушти сите фрустрации, гласно протестираше и фрлаше работи наоколу… но тоа не беше доволно. Нервозниот напаѓач дури удри соиграч што седеше до него – ниту крив, ниту должен.

Реакција што немаме можност да ја гледаме секој ден на фудбалски натпревари, е далеку од изненадување кога станува збор за контроверзниот фудбалер.

Дуелот помеѓу Адана и Коња заврши нерешено (1: 1) и домаќинот по три кола има два бода на своето конто, додека гостите освоија пет повеќе.

Слични содржини