Дневниот внес на банани и друга храна богата со калиум може да спречи срцеви и мозочни удари, велат експертите по анализата на најновите истражувања.
Резултатите од истражувањето спроведено од експерти на Универзитетот во Алабама покажаа дека храната богата со калиум може да ги спречи смртоносните блокади во спречување на стврднување на ѕидовите на артериите со текот на времето.
Научниците спроведоа истражување на глувци со висок ризик од срцеви заболувања по консумирање на голема количина маснотии. После тоа, глувците беа хранети со високи, нормални и ниски нивоа на калиум.
Артериите на глувците хранети со ниско ниво на калиум беа многу попроблематични. Од друга страна, стврднувањето на артериите се јавуваше поретко кај лица кои консумираа поголеми количини калиум. Исто така, беше забележано дека оние глувци кои беа хранети со храна со поголема количина калиум имаа помала цврстина на крвните садови.
Д-р Мајк Наптон од Британското здружение за истражување на срцеви заболувања рече дека неодамнешните студии покажаа и дека недостатокот на калиум во телото предизвикува стврднување на артериите.
Научниците веруваат дека калиумот има способност да ги регулира гените што ги одржуваат артериите флексибилни.
Просечниот дневен внес на калиум треба да биде 3.500 милиграми, советуваат експертите. Освен во бананите, овој минерал е изобилен во спанаќот, доматите и компирите.