Бангиевски: Роднините на Росица и татко ѝ имаат право на надомест на нематеријална штета за душевен бол поради смрт на блиско лице

Бангиевски на темата дали најблиските на Росица Коцева имаат право да ја тужат државата

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото; Владимир Бангиевски

„Ја видов изјавата на професорката Дескоска и можам да кажам дека во целост ја поддржувам. Институциите мора да си ја вршат својата работа за која се платени од граѓаните – вклучувајќи го и правото на лична заштита, кое во овој случај не е заштитено од страна на институциите надлежни за тоа. И ова не е прв ваков случај. Слични сме имале и други“, истакнува адвокатот Владо Бангиевски запрашан дали семејството на трагично усмртената Росица Коцева и нејзиниот татко од Велес има право да ја тужи државата заради неисполнување на обврските за заштита на жртвите од насилство.

Тој во разговор за „Локално“, меѓу другото, рече дека роднините на Росица и татко ѝ имаат право на надомест на нематеријална штета за душевен бол поради смрт на блиско лице од државата, заради непреземање на соодветни мерки од страна на институциите за заштита на жртвата.

Бангиевски за евентуална тужба од семејството на Росица: Државата треба да го изгуби случајот и оштетените да добијат соодветна сатисфакција