Банкомат во Ново Лисиче со двоен скенинг детектор

од desk2
116 прегледи

Во саботата, во 13 часот во Единицата информации и команда Скопје, граѓанин пријавил дека при вадење на картичка од банкомат на банка на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Скопје забележал дека на банкоматот се вградени двојна тастатура и двоен скенинг детектор.


Од претставник на банката било потврдено дека се работи за додатоци кои се нелегално поставени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.