Банкротираше еден од најголемите бордели во Европа

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Еден од најголемите бордели во Европа прогласи банкрот, откако беа значително погодени од мерките на Германија против епидемијата на коронавирусот.

Паша – бордел на десет ката – е едно од главните обележја на Келн.

„Стигнавме до крајот“, изјави директорот Паша Армин за локалниот весник „Експрес“.

Проституцијата е забранета во покраините Северна Рајна и Вестфалија од појавата на епидемијата на вирусот.

Патем, 120 проститутки работат во Паша. Тие имаат околу 60 вработени, вклучително и готвачи и фризери.

Г-н Лобшајд го критикуваше начинот на кој германската влада се бореше против пандемијата – особено ја нагласи потребата да се биде појасен со упатствата кога бизнисот може да започне одново.

Тој вели дека официјалните лица им кажувале на секои две недели дека нема да можат да се отворат.

„Не можеме да планираме такво нешто. Можеби би можеле да избегнеме банкрот со помош на банките, ако можеме да им ветиме дека бизнисот ќе започне на почетокот на следната година“, рече тој.

Луѓето плаќале и за секс за време на пандемијата, но не плаќале данок за тоа, додаде тој.

Паша ги наполни колумните на весниците во 2006 година кога група муслимани му се закануваа со насилство затоа што на зградата покрај сликата на полугола жена стоеше реклама за Светското првенство со знамиња на 32 земји, вклучувајќи ги Иран и Саудиска Арабија.

Меѓу некои организации расте загриженоста дека затворањето на легалните бордели може да ги доведе во поголем ризик сексуалните работници бидејќи тие ќе бидат принудени да работат на улица.

Слични содржини