Барабареев: Не укинуваме предмети, ние зборуваме за нов пристап во учењето

од Берта Китинска
308 прегледи

Реализацијата на новиот концепт ќе се одвива во наредните пет години, вели професорот Кирил Барабареев  кој е дел од работната група за спроведување на новиот образовен концепт во гостувањето во Студио 10.

-Околу реализацијата таа ќе трае 5 година, но постои можност концепцијата да почне од прво одделени во септември за шесто се уште е отворено можноста. Јас сметам дека од првото одделение  може да се воведе  бидејќи тука наставата е похомогена и ќе има организирана динамика за да завршат сите обуки кои би започнале од март, вели Барабареев.

Тој напомена дека не се копира финскиот модел туку тој е едниот од многуте со кој се консултира работната група.

-Ние не го копираме финскиот модел, тој е само едниот кој го консултираме. Не укинуваме предмети, ние зборуваме за пристап за учење, вели Барабареев.

Слични содржини