Барак Обама си купи куќа во Вашингтон за преку 8 милиони долари

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Поранешниот претседател на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел се здобија со нов дом во Вашингтон за колосални 8, 1 милион долари, пренесува  “Вашингтон пост”. Куќата е сместена недалеку од Рускиот културен центар, кој се наоѓа во исклучително престижниот кварт “Калорама”. Како што наведува весникот, Обама и неговото семејство живеат под кирија во убавата 10-собна куќа уште од крајот на неговиот претседателски мандат.

Дури сега, сепак се решиле да го направат официјално свој. При тоа, нивниот имот е најскапиот во соседството по куќата на основачот на “Амазон”, Џеф Безос, кој чини блескави 23 милиони долари.

Населбата “Калорама” во северозападниот дел на американската престолнина е еден од најстарите и елитни области во градот. Таа беше омилена за живеење и од многу други американски претседатели – Вудроу Вилсон, Вилијам Тафт, Френклин Рузвелт, Ворен Хардинг и Херберт Хувер.