159
Сметководителите денеска најавија дека се приклучуваат на протестот на ТУК и се селат пред влада се додека не им се исполнат барањата.
-Нашата професија е загрозена.Од 1800 пријавени лиценцирани сметководители се на работ на егзистенција. Бараме неповратни финансиски средства до кога ќе го трпиме овој терор и некој да се смилува и да не слушне рокови има секогаш, ако не го кренеме гласот роковите ќе останат, нас ќе не нема и економијата ќе пропадне.Затоа заедно со ТУК се селиме пред влада се додека не ни се исполнат барањата, изјави Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората.