Барањето е спротивно на законите: Салаху не доби дозвола да ги посети осудените за „Диво насеље“

од Берта Китинска
338 прегледи

Нема дозвола за заменик министерот за правда Блерим Садиху да ги посети затворениците од случајот „Диво Насеље“.

-Косовскиот заменик министер за правда, Блерим Салаху, утре не ќе може да ги посети во „Идризово“ затворениците осудени за случајот „Диво насеље“. Ваква одлука  е донесена бидејќи  барањето е спротивно на законските одредби од Законот за извршување санкции, пишува Дојче Веле.

Според член 199 од законот, посета на странски осудени лица може да биде извршена само од конзуларен претставник, но не и од владин претставник на странска држава. Со оглед на тоа дека барањето за посета е од страна на Салаху, тој како заменик-министер не ќе може да влезе во затворот. Но, доколку барање испрати косовската амбасада во Скопје за нивен претставник да ги посети осудениците, тоа барање ќе биде дополнително разгледано.

Слични содржини