„Барби“ го доби своето прво дете: Се породи Маргот Роби

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Актерката Маргот Роби се породи и го доби првото дете со сопругот Том Екерли.

За јавноста се уште не е познат точниот датум на раѓањето на бебето, како и името, додека близок извор за „Пипл“ тврди дека таа родила момче.

Веста за приновата излезе околу три месеци откако Маргот му откри на светот дека забременила, за време на одмор на езерото Комо во Италија. Една недела подоцна – двојката заблеска на Вимблдон.

Инаку, Марго и Том се запознале во 2013 година, на снимањето на филмот „Suite Française“.

– Ми се слоши од самата помисла да бидам во врска, а потоа ова ми се прикраде – се пошегува таа во интервју за „Вог“ во 2016 година, зборувајќи за големата љубов која се родила од пријателството.

Слични содржини