428
Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез важи за една од најубавите и најзгодни жени на светот, а сега повторно ги воодушеви сите со својот изглед.
Имено, таа на еден настан се појави во издание кое го одзема здивот.
Џенифер облече интересен бел фустан украсен со розови цветови, а се заокружи со сандали и розова чанта. Нејзиниот кармин беше во истата нијанса, а косата ја врза во пунџа.
Како накит носеше дискретни обетки и голем прстен, а многумина изјавија дека ова е едно од нејзините најдобри изданија досега.
„Убава“, „Совршен стајлинг“, „Совршена“, „Прекрасен фустан“, „Како Барби“, „Барби кралица“, се само дел од коментарите.