Лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид денес го одигра заостанатиот натпревар од 2. коло против тимот на Леванте.
Атлетико и Леванте во овој меч ги поделија бодовите играјќи 1:1.
Гледавме еден прилично изедначен натпревар со шанси и на двете страни. Поведе Леванте со голот на македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Барди го матираше Облак после една одлична акција и асистенција од Де Фрутос. Атлетико до изедначување дојде преку Маркус Љоренте. Љоренте шутираше од далечина, еден играч на Леванте го промени движењето на топката и таа го измами голманот Аитор Фернандез.
Во вториот полувреме имаше по некоја шанса пред двата гола, меѓутоа резултатот не се промени. Со овој освоен бод Атлетико е на шест бода предност во однос на Реал Мадрид кој е второпласиран. „Јорганџиите“ сега имаат еден меч помалку.