Барди: Нема поголема мотивација од тоа што сме тука

од Aleksandar Petrovski
239 прегледи

Во пресрет на последните два квалификациски натпревари од циклусот за пласман на ЕУРО 2020 против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“), македонскиот репрезентативец Енис Барди вели дека овие два натпревари се многу важни и треба да влеземе со најголема концентарција доколку сакаме да оствариме позитивен резултат. Фудбалерот на шпански Леванте смета дека мораме да извлечеме поука од првиот дуел меѓу Македонија и Австрија, да бидеме попаметни и на високо ниво.

„Најпрвин, поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два меча можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Сеуште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство“.

„Треба да влеземе на мечот со најголема концентрација и да дадеме сè од себе како во секој натпревар. Јас мислам дека поразот во Скопје од Австрија беше лош ден за нас, направивме многу грешки. Мислам дека сега сме попаметни и ќе бидеме поконцентрирани. Многу е тешко да се игра против Австрија на нивни терен, тие се силни физички, но оваа наша селекција има многу добри играчи и сметам дека дуелот во Виена ќе биде уште поголема мотивација, зашто тие победија со 4-1 во Скопје, нешто што долго време нема направено ниту една репрезентација“.

Слични содржини