Баркли: Сари треба да добие повеќе време од шефовите

од Vlatko K
113 прегледи

Халфот на Челзи, Рос Баркли го поддржи својот тренер во клубот, Маурицио Сари и повика
раководството да му го даде потребното време на Италијанецот, за да може да ги наметне своите
идеи.


Денес може да се покаже последниот натпревар на искусниот стратег на чело на „сините“ во случај
тимот да претрпи пораз во финалето на Лига Купот против Манчестер Сити. Неодамна тимот
имаше доста тешки моменти и на крајот шефовите ја изгубија довербата кон својот менаџер.

„Стилот на игра кој менаџерот на тимот сака да го покажуваме, се уште не е она што се гледа на
теренот. Ќе треба време за да може работите да излезат како што треба. Маурицио Сари ја
заслужува довербата на шефовите на Челзи и треба да работи подолго за да може да ги наметне
своите идеи“, рече Баркли, цитиран од британските медиуми.

„Со текот на времето работите ќе се подобрат и ќе ги оставиме лошите денови зад нас“, рече тој.