Барон Трамп е „барана роба“ на факултет, девојките се борат за неговата наклонетост

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Очигледно, Барон Трамп стана „момчето“ со кое сите девојки сакаат да бидат во врска. Синот на Доналд и Меланија Трамп, кој оваа есен тргна во Стерн школата за бизнис на Универзитетот во Њујорк, станал исклучително популарен меѓу тамошните девојки, кои се трудат максимално да му угодат на Барон.

„Тој е на Стерн, што значи дека студира бизнис и е многу популарен меѓу девојките“, открил добро информиран извор за магазинот „Пипл“ и додал: „Тој е висок и убав, а многу девојки го сметаат за привлечен. Да, дури и либералните луѓе го сакаат“.

Како што веќе напиша Page Six, кога 18-годишниот Барон пристигнал во кампусот во септември, бил внимателно следен од телохранители, не пуштајќи го од видното поле дури и за време на предавањата. После тоа и самата Меланија призна дека нејзиниот син никогаш нема да биде студент како другите врсници.

„Мислам дека тој никогаш нема да биде „нормален студент“. Неговото искуство е сосема различно од неговите врсници, но јас сум многу горда на тоа како се справува со сè. Тој е силен и знае дека е во поинаква позиција од другите“, изјави Меланија Трамп.

Барон Трамп е најмладиот од петте деца на Трамп. Од бракот со Ивана Трамп ги има Доналд Трамп Јуниор (46), Иванка Трамп (43) и Ерика Трамп (40), додека Тифани Трамп (31) ја доби со Марла Мејплс.

Слични содржини