Барса донесе турски тинејџер – откупната клаузула е 400 милиони евра

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Барселона донесоа ново засилување кое го потпишаа на шест години, а неговата откупна клаузила е астрономска уште сега.

Седумнаесетгодишниот Турчин Емре Демир пристигна во екипата Барса Б од Кајзериспор и ќе биде платен два милиони евра плус додатоци.

Турскиот тинејџер доби договор до 2027 година, а она што е особено интересно е колку клубот го цени – ни помалку ни повеќе од 400 милиони евра.

Демир останува во Кајзери до крајот на сезоната, по што се сели во Каталонија. Роден е во јануари 2004 година во Мерсин и игра со левата нога.

Може да се снаоѓа во која било позиција во средниот ред од теренот, иако неговата улога како организатор на играта е онаа која првенствено ја покрива.

Се очекува момчето високо 175 сантиметри да ги искористи своите вештини за да создаде шанси за голови, а на Каталонците им се допадна и тоа што се враќа во одбраната.

Дебитираше во турското првенство како сениор пред две години, кога имаше само 15 години.

Тој стана и еден од најмладите стрелци во историјата за Кајзери во турската Супер лига, а досега има постигнато три гола на 31 натпревар.

Слични содржини