339
Нелсон Семедо, Артуро Видал и уште 70 милиони евра е понудата на Барселона кон Интер за Аргентинецот, Лаутаро Мартинез во кого на „Камп Ноу“ гледаат наследник на Луис Суарез.
Мартинез пристигна во Интер во 2018 година од Расинг Клуб и во тековната натпреварувачка сезона е една од клучните алки во играта на „нероазурите“.
Договорот на Мартинез со Интер е до 2023 година и во него има откупна клаузула на 111 милиони евра. Неговото можно заминување од Милано го следат Јунајтед и Сити, меѓутоа според пишувањата на шпанските медиуми, предност има Барселона.