Раководството на Барселона е во потрага по нов напаѓач како потенцијална замена за Роберт Левандовски, а меѓу играчите на мета е и Србинот Душан Влаховиќ од Јувентус, пренесува шпанскиот весник „Спорт“.
Влаховиќ од почетокот на сезоната за Јувентус постигна 12 гола на 24 натпревари, а во текот на неговиот престој во италијанскиот тим во последните три години постигна 53 гола на 125 натпревари.
Поради неговите квалитети, Барселона го гледа српскиот напаѓач како потенцијално идно засилување. Договорот на 24-годишниот Душан Влаховиќ со Јувентус истекува во 2026 година, што може да се покаже како корисно за каталонскиот гигант доколку Србинот не го продолжи договорот пред летото.
Со потписот на Влаховиќ се поврзуваа и англиските клубови Арсенал и Челси.