Барса го брка играчот кој го плати 100 милиони, има рок до крајот на јануари

од Vladimir Zorba
456 прегледи

Барселона сака да се ослободи од францускиот напаѓач Усман Дембеле пред крајот на зимскиот преоден рок, соопштија денеска од клубот.

Договорот со францускиот репрезентативец истекува на крајот од сезоната, а директорот на Каталонците, Матеу Алемани изјави дека клубот ќе направи се за да го продаде до крајот на јануари, откако тој одби да се согласи на нов договор.

– Во текот на неколкуте месеци што ги преговаравме и во кои разговаравме, Барселона му даде неколку понуди на Усмане, но сите беа одбиени од неговите агенти – изјави Алемани.

Барселона во 2017 година и плати на Борусија Дортмунд 100 милиони евра за Дембеле, кој имаше многу проблеми со повредите во изминатите четири години.

Слични содржини