269
По Ернесто Валверде, тренерската функција во фудбалскиот клуб Барселона ќе ја извршува Французинот Тјери Анри.
Оваа „бомба“ на весникот „Спорт“, утрово ги разбуди жителите на најголемиот каталонски град, а информацијата е врз основа на тоа дека Анри бил миленик на управата, додека договорот на Валверде му истекува во јуни, и веројатно нема да му биде продолжен.
Анри три сезони играше за Барселона заедно со Меси, Пике и Бускетс кои уште се во клубот, во тимот има многу Французи, добро стои и со директорот и сонародник Ерик Абидал, но нема големо искуство како тренер. Неуспешно го водеше Монако, беше помошник во репрезентацијата на Белгија, а сега седи на клупата на Монтреал импакт од МЛС лигата.