18
Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е во одлична форма под водство на Ханси Флик. Приоритет на Барселона е да направи се што е можно за да обезбеди играчот да остане во клубот што е можно подолго.
Актуелниот договор на Јамал истекува во 2026 година, а клубот не сака да дозволи талентот следното лето да биде искушуван од други тимови.
Новинарот од популарното фудбалско шоу „Ел Чирингуито“, Хозе Алварез, посочи дека Ламин ќе го продолжи договорот кога ќе наполни 18 години, на 13 јули. Ова ќе биде клучниот датум. Нешто што Барселона го зема во предвид е неговата плата која ќе варира помеѓу 7-8 милиони евра.
Јамал ќе стане третиот најплатен играч во тимот по Роберт Левандовски и Френки де Јонг.