БАРСА ГО ПРОДАВА ДЕ ЈОНГ: Ќе загуби 15.000.000 евра на него

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Барселона ја започна трансформацијата во претходниот преоден рок, а претседателот Лапорта и шефот на стручниот штаб Чави имаат големи планови за летото. Повторно ќе има големи промени внатре во клубот, а Френки Де Јонг малку неочекувано се најде на трансфер листа!

Холандскиот фудбалер пристигна од Ајакс за 86 милиони евра, но речиси три години во новиот клуб не успеа да ја покаже формата која го красеше додека го носеше дресот на великаните од Амстердам. Таму беше лидер и еден од најважните играчи на тимот кој играше фантастично до полуфиналето на Лигата на шампионите, а се мачи во Барселона!

За разлика од некои други фудбалери, доаѓањето на Чави Ернандез за тренер не успеа да го „стартира“. Иако поранешниот играч од средниот ред на Барселона делуваше како идеален тренер за него и човек кој може да ги искористи своите фудбалски квалитети, тоа не се случи. Френки остана променлив и оваа сезона, па може да си замине следното лето.

Продажната цена ќе биде пониска од куповната, но Барселона нема да тагува премногу. Ќе добие многу пари за холандскиот фудбалер – можеби и 70 милиони доколку во трката за потпис се вклучат повеќе англиски тимови, а главен кандидат е Манчестер Јунајтед. Доколку сакаат да му ги исполнат желбите на Ерик Тен Хаг, сигурно ќе зборуваат за Де Јонг, бидејќи тие двајца добро се познаваат од Ајакс.

Јунајтед, но и некои други англиски тимови би можеле значително да ја подигнат цената на холандскиот играч за врска, па дури и да се доближат до цената што некогаш ја плати Барселона за него.

Тоа е буџет кој може добро да се распредели во текот на летото.

Како што ексклузивно дознава АС, Барселона се договорила со Валенсија и Карлос Солер репрезентативецот на Шпанија да се пресели на „Камп Ноу“ за 20 милиони евра. Тој треба да биде директна замена за Де Јонг во средниот ред на Барселона, но со поголемо влијание врз играта на тимот.

Чави гледа во Солер фудбалер кој може да биде врска помеѓу искусниот Серхио Бускетс и младите надежи како Педри и Гави. Исто така, Френк Кејси, кој доаѓа од Милан како слободен играч, следната сезона ќе игра во средниот ред на шпанскиот великан.

Слични содржини