Барса ја прифати понудата на Јунајтед за Де Јонг

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Барселона ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед за Френки де Јонг. Преговорите меѓу двата клуба завршиле успешно, а „црвените ѓаволи“ ќе платат 80 милиони евра за правата на Холанѓанецот, објави „Спорт“. Сега, сепак, Англичаните се желни да добијат конечен одговор од самиот играч, кој мора брзо да одлучи дали ќе се пресели на „Олд Трафорд“.

Јунајтед прави се за да го убеди 25-годишниот играч од средниот ред да ја прифати нивната понуда. Новиот менаџер Ерик тен Хаг сака да постигне договор, откакосе надева дека Де Јонг ќе биде лидер на новиот проект. Холандскиот стручњак многу добро ги знае квалитетите на својот соиграч од нивната заедничка работа во Ајакс и знае како да го извлече најдоброто од него.

Засега, сепак, Де Јонг не дава дефинитивен одговор и ова почнува да го фрустрира раководството на „Олд Трафорд“. Тие го притискаат играчот побрзо да донесе одлука, надевајќи се дека тоа ќе се случи следната недела. Британците не сакаат трансферот да се одолговлекува и инсистираат на брза реакција.

Холанѓанецот неодамна навести дека сака да остане во Барселона, но последните информации говорат дека тој е се понаклонет да се пресели во Јунајтед. Ќе има уште краток период за размислување, но поверојатно е дека договорот ќе стане реалност во наредните денови.

Слични содржини