Барса му нуди 10-годишен договор на Меси

од Vladimir Zorba
446 прегледи

Лионел Меси се уште нема донесено одлука дали ќе остане во редовите на Барселона и по ова лето.

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња сè уште размислува која е најдобрата опција за него, но челниците на каталонскиот клуб не губат време.

Според некои медиуми во Шпанија и Аргентина, Барселона ги интензивирала преговорите со Меси и неговиот татко Хорхе во последните неколку дена.

И не само тоа, нивната желба е Меси да остане во трајна врска со Барселона дури и кога ќе престане активно да игра фудбал.

Аргентински „Tyc Sports“ наведува дека Барселона му нуди на Меси „пакет договор“ за десет години.

Според него, тој би требало да игра уште две години во дресот на „блаугранас“, а потоа ќе ја извршуваа улогата на амбасадор на клубот во САД.

Тој исто така би имал можност да се проба во улога на спортски директор во еден од тамошните клубови во МЛС, што ќе го подготви за истата позиција во Барселона.

Дали тоа е доволно примамливо за Меси, ќе видиме, но сосема е јасно дека има сè помалку време за одлука.

Слични содржини