Барса нема намера да застане, следна цел – ѕвезда на Сити

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Барселона е најактивниот тим на трансфер пазарот ова лето и продолжува да ги „граба“ своите трансфер цели една по една, и тоа без особени проблеми. Досега веќе успеаја да се изборат за потписите на Роберт Левандовски, Рафиња, Франк Кеси, Андреас Кристенсен, а доцна синоќа го објавија потписот и на Жил Кунде, при што секој од овие трансфери доаѓа во конкуренција на некои од најголемите тимови во Европа.

Сепак, управата на Каталонците нема намера да застане тука, а од вчера во шпанскиот печат активно се тврди дека следно големо име на списокот ќе биде тоа на Бернардо Силва од Манчестер Сити. Двата тима се во одлични односи, а дури во јануари од Англија во Шпанија замина Феран Торес. Од таборот на Каталонците во неколку наврати изразија симпатии кон играчот и тоа во голема мера го потврди, иако индиректно, Жоан Лапорта.

„Тој е многу добар фудбалер. Тој му припаѓа на Манчестер Сити и морам да го почитувам тоа, но таму имам пријатели, како што се шефот на клубот Калдун Ал Мубарак, Пеп Гвардиола, Чики Бегиристајн. Има многу луѓе што ги познавам таму“, изјави претседателот на Каталонците.

Слични содржини