Барса одби колосална сума од ПСЖ за Јамал

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Барселона ја одби понудата на Пари Сен Жермен од 250 милиони евра за играчот од средниот ред Ламине Јамал, објави ЕФЕ.

Според информациите, Каталонците неќеле ниту да размислат за понуда за 16-годишниот фудбалер. Трансферот би можел да стане најскапиот во историјата на фудбалот. Во моментов, зделката за трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ е рекордна, со сума од 222 милиони евра.

Минатата сезона Јамал одигра 50 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 7 гола и 10 асистенции.

На Евро 2024, играчот од средниот ред постигна 1 гол и даде 3 асистенции на 6 натпревари за шпанската репрезентација. Стана најмладиот стрелец во историјата на европските и светските првенства.

Слични содржини