Фудбалерите на Барселона најверојатно нема да се вратат на Ноу Камп до крајот на сезоната, како што првично беше планирано. Веста ја објави каталонскиот весник „Спорт“, кој смета дека се доцни со градежните активности и затоа нема да може следното „Ел Класико“ во мај да се игра во реновираниот објект.
Барселона своите натпревари во Примера, Копа дел Реј и Лигата на шампионите ги игра на заменскиот стадион Монжуик и постои голема веројатност таму да ја заврши сезоната.
Враќањето на Ноу Камп првично беше планирано за ноември 2024 година, но бидејќи работата напредуваше со побавно темпо и имаше одложувања, враќањето беше одложено за април или мај 2025 година.
Сепак, според последните информации до кои дојде каталонски „Спорт“, се чини дека ниту од тоа нема ништо.
Барселона имаше план да се врати на сопствениот стадион со намален капацитет од 60.000 седишта, но потоа беше одлучено да се изгради целата структура, оставајќи го само покривот да биде завршен до летото 2026 година.
Сето ова предизвика работите, чија вредност се проценува на околу 1,45 милијарди евра, да траат подолго од планираното. Каталонците подигнаа позајмица за реконструкција на Ноу Камп, а месечните рати изнесуваат нереални 100 милиони евра.
Да потсетиме, пред Барселона, Реал Мадрид го реновираше својот фудбалски храм, кој во најголем дел своите натпревари ги игра на новиот „Сантијаго Бернабеу“.