Барса се уште работи на евентуален трансфер на Левандовски, но приоритетот на Полјакот сега е поинаков

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Приоритет на Роберт Левандовски е да потпише нов договор со Баерн (Минхен) и да остане на „Алијанц Арената“.

Според Фабрицио Романо, Барселона е во контакт со агентот на Полјакот од февруари, но сè уште нема конкретна понуда, бидејќи тој е свесен дека искусниот напаѓач мора прво да ја слушне понудата на неговиот актуелен клуб за евентуален нов договор.

Неговиот сегашен истекува за една година.

Лева по првенствениот меч со Борусија (Дортмунд) призна дека наскоро ќе има средба со претставници на клубот, но се уште не знае дали Баерн сака да го задржи.

Доколку 33-годишниот напаѓач не успее да се разбере со Баварците, тогаш речиси сигурно ќе се пресели во Барселона.

Слични содржини