Барса убедливо против Мајами на Бекам, одлично деби за Рафиња

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Барселона ја започна својата турнеја во Америка со убедлива победа од 6-0 над Интер Мајами. Каталонците играа со многу дух и го навестија нивниот огромен офанзивен потенцијал. Над сите беше Рафиња, кој веќе на првиот меч со „блаугранас“ јасно стави до знаење дека не случајно се вложило толку многу за да се привлече. Бразилецот уште пред паузата постигна гол и запиша две асистенции.

Останатите голови за шпанскиот клуб ги постигнаа Пјер-Емерик Обамејанг, Ансу Фати, Гави, Мемфис Депај и Усман Дембеле. Домаќините, предводени од поранешниот англиски репрезентативец Фил Невил, на ниту еден начин не можеа да му парираат на својот славен ривал.

Каталонците беа без својот тренер Чави Ернандез, кому американските власти не му одобриј виза, но се очекува да му се приклучи на тимот денеска и да седне на клупата за дербито со Реал Мадрид во Лас Вегас во сабота навечер.

Роберт Левандовски, чиј трансфер од Баерн беше официјално објавен неколку часа пред мечот со Интер Мајами, одржа загревање со тимот, но не учествуваше во дуелот. Уште две од новите засилувања – Андреас Кристенсен и Рафиња – дебитираа како стартери.

Нападот на Интер Мајами го предводеше поранешниот ас на Реал Мадрид Гонзало Игуаин. Меѓу резервите беше и името на синот на Дејвид Бекам – Ромео, кој влезе на крајот од средбата.

Викендов Барселона ќе се соочи со својот голем ривал Реал Мадрид, а потоа следуваат натпреварите против Јувентус, Њујорк Ред Булс и УНАМ Пумас.

Слични содржини