Барса веќе најде замена за Пике?

од Nikola Popovski
336 прегледи

Искусниот стопер Жерар Пике наскоро би можел да ја напушти Барселона

Тренерот Чави Ернандез се помалку смета на Пике, кој во Барса е од 2008 година и со тој клуб освои се што можеше да се освои.

Договорот на Пике со каталонскиот гигант истекува во 2024 година, но тој ќе си замине многу порано. Така шпанските медиуми веќе почнаа да пишуваат за можна замена за него која Барса се обидува да ја донесе.

Во прашање е стоперот на Атлетик Билбао, Иниго Мартинез.

Мартинез е четири години помлад од Пике, влезе во последната година од договорот со Билбао и од 1-ви јануари следната година ќе може слободно да преговара со Барса.

Шпанскиот репрезентативец е во Билбао од 2018 година, со години важеше за еден од најдобрите стопери во Примера и сигурно би имал што да му понуди на тимот на Чави.

Слични содржини