Барселона доби одлични вести за Дани Олмо и Пау Виктор

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Врховниот спортски совет на Шпанија (ЦСД) официјално и одреди мерка на претпазливост на Барселона за Дани Олмо и Пау Виктор.

Оваа одлука не е конечна, бидејќи процесот може да биде одложен уште неколку месеци, но им дава право на Каталонците да ги користат своите двајца играчи додека да има конечна одлука.

Врховниот совет за спорт за да донесе конечна одлука ќе ги слушне предлозите на Ла Лига и Федерацијата за нивното одбивање да им дадат нова лиценца на двајцата играчи.

Олмо и Виктор не се во составот на Барселона за денешното полуфинале од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао.

Слични содржини