Барселона го договори Аспиликуета

од Vladimir Zorba

Селекцијата во Барселона продолжува во полн ек. Откако синоќа и официјално го објавија потписот на Роберт Левандовски од Баерн (Минхен), Каталонците се блиску до финализирање на уште еден трансфер. Клубот постигна начелен договор со Челси за Цезар Аспиликуета. Се очекува Барса за искусниот дефанзивец да плати околу 5 милиони евра.

32-годишниот Шпанец треба да го засили дефанзивниот дел на тимот. Главниот тренер Чави Ернандез е многу заинтересиран да го има во својот тим и се чини дека неговата желба ќе биде исполнета. Договорот на Аспиликуета со Барселона ќе биде на две плус една година.

„Блаугранас“ имаа намера да го ангажираат поранешниот играч на Осасуна и Марсеј како слободен играч, но неговиот договор со Челси беше автоматски продолжен откако тој го исполни условот да одигра најмалку 30 натпревари оваа сезона.

Аспиликуета е во Челси од 2012 година, забележа вкупно 474 настапи и постигна 17 голови. Со „сините“ од Лондон ја освои Лигата на шампионите, Лигата на Европа двапати, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство, две титули во Англија, ФА Купот и Лига купот.

Слични содржини