Барселона си постави цел да ја засили голманската позиција, а според шпанските медиуми, Жоан Гарсија, 24-годишен голман од Еспањол, е на радарот на каталонскиот клуб.
Гарсија, кој има клаузула од 25 милиони евра, веќе доби понуда од Барселона и се чини дека би можел да стане голман број еден за каталонскиот гигант, што е еден од условите што ги постави за неговиот потпис.
На состанокот на одборот на Барселона, одржан во четврток, беше дискутирана ситуацијата на голманската позиција, и беше заклучено дека 33-годишниот Марк-Андре тер Штеген треба да биде продаден доколку Гарсија ја прифати понудата.
Тер Штеген, кој е капитен на Барселона, е под договор до 2028 година и не е заинтересиран да го напушти клубот. Германскиот голман дојде од Борусија Менхенгладбах, каде што играше пред да се пресели во Барселона во 2014 година. Во меѓувреме, тој одигра 422 натпревари и освои бројни трофеи со клубот.
Оваа сезона, тој прими 11 гола во девет настапи. Тој доживеа сериозна повреда во септември.