379
Се чини дека Барселона конечно изгуби интерес за ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах. До неодамна се шпекулираше дека на „Камп Ноу“ будно ја следат ситуацијата со Египјанецот и го одбрале за својата летна селекција.
Сепак, се чини дека и да имало такви идеи во клубот, тие веќе не се на дневен ред, пишува „Спорт“.
Договорот на Салах истекува за помалку од година и пол и тој моментално одбива повторно да потпише со Ливерпул. Ова е причината поради која неколку од водечките клубови во Европа внимателно следат што се случува и ја демнат можноста да го украдат крилото на „Енфилд“.
Еден од овие клубови беше Барселона, но се чини дека интересот на Шпанците нагло се оладил.