Барселона и Флик на удар од шпанските медиуми по поразот од Монако

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Тренерот Ханзи Флик и Барселона беа критикувани од медиумите во Шпанија уште пред првите натпревари во шпанското фудбалско првенство, откако Каталонците загубија со 0:3 од францускиот Монако во пријателски натпревар, пишува агенцијата ДПА.

„Првиот повик за будење“, напиша во вторникот весникот Спорт, додека „Мундо Депортиво“ го употреби зборот „предупредување“. На насловната страна беше напишано со големи букви.

Магазинот „Дон Балон“ го нарече настапот на Барса „смешен“, додека мадридскиот весник АС го опиша настапот на тимот како „катастрофален“.

Сепак, Флик останува оптимист за иднината на Барселона. По натпреварот, поранешниот тренер на Баерн Минхен истакна дека е сигурен дека неговата екипа ќе се претстави далеку подобро на првиот натпревар во Ла Лига против Валенсија.

Слични содржини