Барселона и Реал денес играат ново „Ел Класико“, Каталонците се позадоволни од изборот на судијата

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид денес го играат дербито на „Монжуик“ од 35-то коло на Ла Лига, кое би можело да го одлучи шампионот.

Имено, Каталонците водат на табелата со четири бода повеќе од Кралевите, но до крајот имаат потежок распоред, па во случај на победа во Ел Класико, Реал би бил во удобна позиција.

Барселона сè уште има градско дерби со Еспањол и два натпревари против екипи од топ 5 пред крајот на првенството – Виљареал дома и Атлетик на гости.

Од друга страна, по Ел Класико, Реал ја пречекува Мајорка, потоа гостува кај Севиља, додека во последното коло го пречекува Реал Сосиедад.

„Ел Класико“ ќе го суди Алехандро Хозе Ернандез Ернандез, што веројатно е попријатно за Каталонците со оглед на тоа што беше извадено неговото старо интервју во кое тој призна дека навива за Барселона и дека го почитува Ромарио.

Патем, кога Ернандез Ернандез е судија, Реал победува само во 54 проценти од натпреварите, што е значително пониско од просекот на клубот.

Вреди да се напомене дека Левандовски, Балде и Касадо се вратија во игра за Барселона, но веројатно ниту еден од нив нема да го започне дербито, додека Реал ќе игра без Ридигер, Карвахал, Менди, Камавинга и Алаба.

Натпреварот започнува во 16:15 часот.

Слични содржини