Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона зимава ќе направи се за да го задржи Дани Олмо чиј договор истекува на лето. Олмо потпиша само една година бидејќи Барселона имаше проблеми со финансискиот фер-плеј. Се очекуваше дека порано ќе може да му понуди нов договор, но се уште не го сторила тоа и поранешниот играч на Ред Бул Салцбург од 1 јануари може да преговара со други клубови.
Барса е во паника дека може да го загуби без обештетување, но тоа не им е единствениот проблем. Шпанските медиуми пишуваат дека Барса стравува дека за една година на ист начин би можела да остане без уште неколку важни играчи и дека им поставила ултиматум.
Станува збор за Френки Де Јонг и Роналд Араухо, кои имаат договори до 2026 година. Клубот сака да ги задржи, но само под услов да потпишат нови договори, за да не можат да си заминат бесплатно за една година. Наводно Барселона им поставила ултиматум – или потпишете или ќе ве продаваме.
Барселона наводно се подготвува за нов шопинг во текот на летото, бидејќи треба да си ги среди финансиите со потпишување огромен спонзорски договор со Најк. Сепак, клубот е сè уште трпи ограничувања од страна на Ла Лига, кои поставуваат „salary cap“ во однос на финансиските резултати.